Вонредна ситуација вечерва во Скопје – градоначалникот бара итна реакција од МВР

Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР!

Вечерва, запалени се повеќе контејнери во Ново Лисиче и на булеварот „Македонско-косовска бригада“.

Во услови кога набавивме 3.300 нови контејнери и го решивме проблемот со сметот, очигледно дека на некој не му одговара чисто Скопје и развојот на градот.

Ова е удар врз сите скопјани и врз заедничкиот имот, платен со нивни пари.

😊 А ако со ова некој мисли дека мене лично ми прави штета, се лаже!

Прави штета на градот, овие контејнери се купени со парите на скопјани!

🫵 Го повикувам МВР веднаш да ги провери снимките од „Safe City“, да ги пронајде сторителите и да испита дали палењата се организирани и политички мотивирани.

Барам одговорност!

📹 Наскоро го завршуваме поставувањето на 200 градски камери за посилен надзор и откривање на ваквите појави и за кои апсолутно нема да има никаква толеранција!

♥️ Чувајте го Скопје и пријавувајте вандализам.

Нема да дозволиме некој да си поигрува со градот!

Со законите нема поигрување!