ТАГА ВО МАКЕДОНИЈА: Почина петтоодделенецот Ведран

ТАГА ВО УЧИЛИШТЕТО: Почина петтоодделенецот Ведран

Со длабока тага и неверување, училиштето ,,Видое Подгорец” Колешино ја прими веста за прераната смрт на својот ученик, петтоодделенецот Ведран.

Преку емотивна објава, од училиштето се простија од младиот ученик, оставајќи порака за големата празнина што неговото заминување ја остава меѓу соучениците, наставниците и сите што го познавале.

„Зад училишните клупи ќе остане едно празно столче, училницата без неговите палавштини, училишниот ходник без неговото ‘Добро утро!’ и без тивките чекори додека го носи торбичето со уредно спакуван појадок“, се наведува во објавата на училиштето.

Од училиштето упатија искрено сочувство до семејството, роднините и другарчињата на Ведран, посакувајќи им сила да ја издржат оваа ненадоместлива загуба.

Прераното заминување на едно дете остава болка и тишина што тешко се опишуваат со зборови.

Почивај во мир, Ведран!🕊️