Тага и неверување: Пријателите и роднините се простуваат од Владимир

Уште една трагедија за кратко време го потресе македонскиот фудбал. На 46-годишна возраст ненадејно почина Владимир Секулоски, пораенешен фудбалер на Тетекс, Слога Југомагнат, Вардар и Работнички.

Секулоски е роден во Тетово во 1980 година, а од 1999 до 2005 година играше за Слога Југомагнат. Потоа заминува во Вардар, каде игра во следните три сезони. Во 2008 година прави трансфер во Работнички, и останува до 2010 година.

Во 2011 година заминува во албанскиот тим Шкумбини, а потоа се враќа во Македонија, најпрво во Тетекс, а потоа и во Македонија ЃП. Карирата ја завршува како фудбалер на Осогово во 2015 година.

По завршувањето на кариерата играше рекреативно мал фудбал, а работеше друга професија.

Ова е нова трагедија во мак-фудбалот, само три дена откако стигна ужасната вест за смртта на поранешниот репрезентативец Агрон Мемеди, кој колабираше за време на тренинг на Шкендија, каде ја извршуваше функцијата помошник тренер.