ТАЖНА ВЕСТ: Почина Ацо Манев, истакнат македонски претприемач и стопанственик

Со длабоко жалење ја известуваме јавноста дека почина Ацо Манев, истакнат македонски претприемач и стопанственик, главен иницијатор и основач на Големата Ложа Македон, една од најстарите масонски ложи во Македонија.

Во текот на својата долгогодишна деловна кариера, Манев остваруваше успешна стопанска активност во Македонија, Грција, Србија, Романија и Бугарија, оставајќи значаен белег во регионалниот деловен и општествен живот.

Особено значајна беше неговата улога во воспоставувањето и развојот на современото слободноѕидарство во Македонија, уште од почетокот на 1990-тите години.

Неговата визија, патриотски дух и посветеност на идеалите во кои веруваше ќе останат трајно запаметени.

Нека му е вечна слава и светол спомен!

Извор: pari.com.mk