УХМР објави предупредување за денешниот ден

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд нè очекува денеска.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, кој во западните делови повремено ќе надминува 80 километри на час.

Минималните температури ќе се движат од 4 до 11 степени, а максималните ќе достигнат од 17 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а кон крајот на денот постојат услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од минимални 2 до максимални 19 степени.

Променливото облачно време со повремени локални врнежи ќе продолжи и во наредните денови. До петок, под влијание на јужно воздушно струење, ќе биде релативно топло, со температури над просекот за овој период од годината. Од сабота се очекува нивно опаѓање.

Граѓаните во овие подрачја да бидат особено внимателни, да избегнуваат движење и престој на отворени површини каде што постои опасност од пад на гранки и предмети, како и да ги обезбедат лесно подвижните предмети во дворовите и на терасите.