Обилни врнежи од дожд го зафатија Белград, поплавувајќи повеќе улици и предизвикувајќи сериозни проблеми во сообраќајот.
Најпогодени беа делови од Јужниот булевар, Војвоѓанската улица на Нов Белград, Савската улица и Радничката улица, каде што возилата тешко се движеа низ насобраната вода.
За само 12 часа во Белград наврнале околу 60 литри дожд на квадратен метар, количество поголемо од просечните врнежи за целиот ноември.
Метеоролозите најавуваат продолжување на нестабилното време, со нови врнежи и локални поројни дождови.
Во сила е и метеоролошко предупредување за силен, на места и олуен ветер, особено во вечерните часови.

