Дваесет и едногодишна девојка од кумановското село Љубодраг е тешко повредена откако автомобилот „фолксваген голф“ со кој управувала излетал од патот и се превртел на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 18 ноември, околу 8 часот наутро. Случајот бил пријавен во ОВР Свети Николе.
Девојката се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Куманово.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на ОВР Свети Николе.
Причините за излетувањето на возилото засега не се соопштени.

