Безживотно тело на маж утрово било пронајдено кај надвозник во близина на скопското село Смилковци, објави Скопје 1.
Според неофицијални информации на Скопје1, станува збор за 38-годишен жител на село од скопскиот регион, кој бил пронајден во близина на својот автомобил.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен во СВР Скопје во 06:15 часот, откако било забележано лице без знаци на живот.
Постапувал и јавен обвинител, а сега се преземаат мерки за утврдување на причините и за расчистување на случајот.
Повеќе детали во текот на денот.

