Тешка несреќа – жена итно пренесена во болница

Педесет и шестгодишна жена од Кавадарци се здобила со тешки телесни повреди додека извршувала работни задачи во маркет во градот.

Според информациите од полицијата, на 20 ноември 2026 година, во 12:00 часот, во ОВР Кавадарци било пријавено дека во Општата болница во Кавадарци била донесена В.Б. (56), со тешки телесни повреди.

Според пријавеното, жената се повредила за време на извршување на работните обврски во маркетот.

За случајот бил известен трудов инспектор, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.