69-годишна жена е тешко повредена откако била удрена од автомобил на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје. Возачот по несреќата го напуштил местото на настанот, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полициските информации, несреќата се случила на 20 ноември околу 09:50 часот, кога во СВР Скопје било пријавено дека патничко возило удрило во С.С. (69) од Скопје, по што возачот избегал.
Жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје.
На местото на несреќата бил извршен увид од екипа на СВР Скопје, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.

