УРНЕБЕСНО: Гери Невил се удираше со шлаканици во живо по дебаклот на Манчестер Јунајтед – видеото стана вирално

Катастрофалната сезона на Манчестер Јунајтед доби уште една потврда по убедливиот пораз од најголемиот ривал Ливерпул (4:0) на „Енфилд“. Резултатот, но и пристапот на фудбалерите на Јунајтед, целосно го изнервираа клупскиот легендарен фудбалер Гери Невил.

По натпреварот, во студиото на „Скај Спортс“, Невил жестоко го критикуваше односот на играчите на својот поранешен клуб.

„Ниту еден од нив не го видов напнат, фокусиран, подготвен, на врвовите од прстите или со исправен фокус во главата. Ниту еден“, изјави Невил.

Потоа, во обид да ја долови безволноста на фудбалерите, тој направи нешто што ги шокираше присутните во студиото. Се загледа во празно, ја отвори устата, а потоа двапати силно се удри со шлаканица по лицето, извикувајќи: „Разбудете се!“

Неговата реакција предизвика бурна смеа кај водителот Дејв Џонс и поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер, кој подоцна дури ја искористи сцената како профилна фотографија на социјалната мрежа Икс.

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Даниел Стариџ, не го криеше изненадувањето од потегот на Невил, додека поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, исто така беше видно разочаран и упати остри критики за настапот на својот поранешен клуб.