Македонски камион учествувал во сообраќајка во Србија

Македонски товарен камион во сопственост на штипска фирма учествувал во сообраќајна незгода на автопатот кај Грделица во Србија.

Според информациите, несреќата се случила во текот на вчерашниот ден. Од фотографиите што се појавија може да се забележи дека во инцидентот е причинета материјална штета на возилото.

Поради сообраќајната незгода, сообраќајот на оваа делница од автопатот бил пренасочен и се одвивал по регионалниот пат.

Засега нема официјални информации дали во несреќата има повредени лица. Не се познати ниту повеќе детали за околностите под кои дошло до судирот.