Две работнички одговорни за одржување на хигиената се повредени во пукање што утрово се случило во средно училиште во Крагуевац, Србија.
Според првичните информации, ученик влегол во училиштето со оружје, за кое се претпоставува дека е малокалибарско, и пукал кон двете жени.
Инцидентот се случил околу 8 часот, додека во училиштето се одвивала наставата. Според српскиот медиум N1, осомничениот е ученик во истото училиште.
Засега нема дополнителни официјални информации за тежината на повредите, мотивот за нападот или околностите под кои ученикот дошол до оружјето.
Информациите се првични и се очекуваат детали од надлежните институции.

