Се огласи градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски:
По две години борба со аргументи, конечно вчера добивме владини заклучоци со кои се задолжуваат надлежните државни институции да превземат активности за проблемот со добитокот.
Ова е уште една победа на граѓаните и потврда на она што го говоревме и го баравме сето ова време!
Но, работата не е завршена. Ова е само почеток. Сега очекуваме конкретни дела на терен!
За нас, работата ќе биде завршена дури кога и последното грло добиток ќе биде отстрането од нашиот град и нашите села.
Ви дадов збор дека нема да ве оставам сами. Одиме до крај!

