Неговото срце не издржа – почина познатиот актер

Актерот и танчер Стивен Хак (Steven Hack), познат по појавувањето во култниот филм „Брилијантин“ и учеството во оригиналната брoдвејска екипа на мјузиклот „Мачки“, почина на 69-годишна возраст. Неговото семејство соопштило дека починал на 19 ноември во својот дом во Лос Анџелес, по срцев удар.

Веста за неговата смрт ја објавила и театарската компанија „Интеракт театар компани“ (Interact Theatre Company), чиј коосновач е токму Хак, а која е основана во Норт Холивуд.

„Стивен неодамна почина во својот дом, по срцев удар“, соопштила театарската компанија на социјалните мрежи.

Неговата агентка Шејла Елис започнала да проверува што се случува откако актерот не ѝ одговорил во врска со две закажани аудиции во период од 24 часа. Тоа било невообичаено за него, бидејќи, како што истакнала, никогаш не пропуштал професионални обврски.

„Никогаш не пропушташе ништо, па се загриживме кога во рок од 24 часа не потврди две аудиции“, изјавила Елис за „Ју-Ес-Еј тудеј“.