Светот го потресе голема трагедија: Најмалку 30 луѓе изгинаа во страотна експлозија и пожар (ВИДЕО)

Најмалку 30 луѓе загинаа, а десетици се повредени во голема експлозија на цистерна со нафтени деривати во Каиро, што избувна денеска во египетската провинција Гиза, јавуваат светските медиуми. Очевидџи велат дека бројот на загинати сигурно е многу повисок од официјално соопштениот.

Несреќата се случила на периферијата на метрополата, во населбата Варак, на обиколницата околу градот. Според египетското Министерство за нафта, цистерна во приватна сопственост излетала од патот, удрила во објект, по што експлодирала.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како се запалиле и возила на патот, а огромен облак од густ црн чад се издига од местото на несреќата.

На местото биле испратени 40 возила на итна помош, а повредените се пренесени во три болници.