Тажна вест утрово: Почина поранешен пратеник во Собранието на РМ

Тажната вест ја споделија од ВМРО-ДПМНЕ Штип:

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Штип со длабока тага ја прима веста за смртта на Миланчо Черкезов, пратеник во Собранието на Република Македонија од 1994 година и основоположник на каратето во Штип.

Со неговото заминување Штип изгуби истакнат општественик, спортски деец и човек кој остави значаен белег во политичкиот, спортскиот и јавниот живот на градот.

Неговото дело, посветеноста и придонесот во развојот на каратето и во општествениот живот ќе останат трајно запаметени.

На семејството, роднините, пријателите и сите кои го познаваа, ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип упатува искрено сочувство.

Почивај во мир!