Тешка сообраќајка – повредени млади лица

Фото: Архива

Утрово во 02:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Козле“ во Скопје, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.Б. од Скопје,  удрило во бетонска ограда.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата 24-годишна сопатничка М.Ц. од Скопје, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.  објавува Журнал.мк