Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ е меѓу повредените во сообраќајната незгода што се случи во скопската населба Аеродром, во близина на булеварот „Јане Сандански“, објави Скопје 1.
Во незгодата учествувале три возила, а возачите биле пренесени во болница.
Туфегџиќ ја потврди информацијата за „Скопје1“, посочувајќи дека се здобил со повреда на главата, но дека е во добра состојба.
Повеќе информации во текот на утрешниот ден.

