Младиот македонски репрезентативец Матеј Гаштаров го постигна деби-голот на меѓународна клупска сцена. Во дресот на Црвена Звезда нашиот ас вечерва постигна фантастичен погодок на гостувањето во Гент и на својот тим му обезбеди значаен бод (1-1).
Во самиот финиш од средбата Гаштаров прво си поигра со двајца противнички фудбалери, а откако се ослободи од нив, со мајсторски удар го надмудри домашниот голман и погоди за огромна радост на „црвено-белите“.
Со доаѓањето на Риера, македонскиот играч за врска игра во врвна форма, кој неодамна ја потврди и во натпреварите во националниот дрес

