Пензионерите во Македонија на почетокот на декември, односно на 1 декември ги очекуваат ноемвриските пензии, а дел од нив би можеле да ги добијат средствата и порано, уште на 30 ноември. Во меѓувреме, најавите за буџетот за 2027 година отвораат можност за ново зголемување на пензиите во текот на следната година.
Според редовната динамика на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, исплатата на пензиите се реализира на почетокот на месецот. Бидејќи 1 декември 2026 година е вторник, тоа е очекуваниот термин за редовната исплата на ноемвриските пензии.
Сепак, дел од пензионерите може да располагаат со своите пари уште еден ден претходно. Последниот работен ден во ноември е понеделник, 30 ноември, а одредени банки имаат практика да ги исплаќаат пензиите пред официјалниот термин.
Шпаркасе банка пред два месеца донесе одлука со која пензиите на своите клиенти ќе ги исплаќа предвреме, односно на 30-ти во тековниот месец за исплата.
Засега нема официјални информации дали и Комерцијална банка и Стопанска банка ќе ја применат истата практика за ноемвриските пензии, односно тие своите соопштенија ги испраќаат ден пред исплатата, па се уште нема објавени информации.
Пензионерите можат да проверат дали средствата им се легнати на сметките преку банкомат, мобилно или електронско банкарство, како и на шалтерите на банките преку кои ја примаат пензијата.

