Слаткар ја објави песната што ја сними со Владо Јаневски

На денот кога Владо Јаневски би наполнил 66 години, Слаткар ја објави „Само да те имам“, песна што двајцата музичари ја снимиле пред девет години, но досега останала необјавена.

Марко Маринковиќ – Слаткаристика вечерва го објави официјалниот видеоспот за песната, исполнувајќи го ветувањето што го даде по смртта на Владо Јаневски дека ќе ја објави нивната заедничка музичка соработка токму на неговиот роденден.

Песната била снимена пред девет години, но Слаткар долго време ја одложувал нејзината објава, верувајќи дека ќе имаат можност повторно да работат на неа и да ја довршат. По смртта на Владо, тој откри дека музиката останала недовршена и дека жали што не ја објавиле додека пејачот бил жив.

„За жал, тоа време не дојде. Ветувам дека ќе ја довршам и ќе ја објавам на неговиот роденден“, напиша Слаткар во јули, кога се прости од својот пријател и музички соработник.