Сопругот два дена ја тепал – нови шокантни детали вечерва ја шокираа Македонија

Жената која вечерва со сериозни повреди и деформиран лик од удари беше примена во Ургентниот центар, каде беше донесена со возило на Итната медицинска помош од Гостивар, дала податок на полицијата и на докторите дека два дена сопругот ја тепал, дознава „Слободен печат“ од свои извори во болницата.

На прием таа била слабо контактибилна, во моментов ѝ се вршат медицински иследувања меѓу кои и компјутерска томографија на главата и ќе биде хоспитализирана. Меѓу другите повреди, пациентката има хематом на устата.

-Пациентката е на иследување, има повреди на градниот кош и на главата, деформитети на лицето. Настанот се случил вчера ама денес е пријавено. Полицијата е известена и разговара со неа. Жената е од Гостивар, изјави за „Слободен печат“ доктор Дејан Здравковски, супспецијалист по трауматологија и општа хирургија, и раководител на Ургентниот хируршки центар.

Уште траат иследувањата на пациентката.

Извор: Слободен печат