Тлото се тресе: Земјотрес со јачина од 6,2 степени – еве каде е епицентарот

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Камчатка рано утринава, објави денеска руската новинска агенција ТАСС.

Епицентарот бил лоциран во внатрешноста, на длабочина од приближно 189 километри, изјави за ТАСС претставник од огранокот на Камчатка на Геофизичката служба при Руската академија на науките.

„Интензитетот на земјотресот во главниот град на Камчатка изнесуваше три степени“, додаде тој.

Земјотресот на рускиот Далечен Исток се случи во текот на ноќта, при што ги разбуди локалните жители; многу луѓе излегоа надвор заради поголема безбедност.