Сообраќајот на патниот правец Охрид – Скопје, кај селото Ботун, вчера беше во целосен прекин поради паднато дрво на коловозот и сообраќајна несреќа.
На истиот дел од патот патничко возило излетало од коловозот, при што биле повредени повеќе лица.
Причините и околностите под кои се случила сообраќајната несреќа дополнително ќе се утврдуваат.

