Неговите песни беа големи хитови и во Македонија – почина познатиот пејач!

Еден од основачите и долгогодишен главен вокал на култната американска група „The Beach Boys“, Мајк Лав, почина во саботата на 85-годишна возраст, опкружен со семејството.

Почина популарниот Мајк Лав, еден од основачите и најпрепознатливите гласови на легендарниот американски поп-рок бенд „Бич бојс“ (The Beach Boys), на 85-годишна возраст.

Веста за неговата смрт во саботата навечер ја соопшти неговата портпаролка Кејти Алтман, наведувајќи дека тој починал опкружен со семејството, додека причината за смртта засега не е соопштена.

Во официјалното соопштение се истакнува дека Лав ќе остане запаметен како американска културна икона со единствен талент и инспирација за генерации и генерации музичари од цел свет, како и по огромната радост што ја чувствувал настапувајќи пред својата публика.