УХМР најави врнежи од дожд – еве во кои делови

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, проследено со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во претпладневните часови, во одделни котлини ќе има услови за појава на магла, додека во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Температурите ќе се движат во интервал од 8 до 18 Целзиусови степени.

Во главниот град времето ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има услови за појава на слаба магла, додека во попладневните часови во делови од Скопската Котлина се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.