Реал Мадрид ја победи Барселона со 2:1 на „Камп Ноу“ во десеттото коло од шпанското првенство и ѝ го нанесе првиот пораз оваа сезона. Херој на победата беше Килијан Мбапе, кој ги постигна двата гола за мадридскиот тим, додека за Барселона стрелаше Рафиња.
На тој начин, Реал ја прекина серијата од девет последователни првенствени победи на својот најголем ривал и ја намали негативата на три бода.
За Лунин: Да загубевме поради неговите грешки, веднаш ќе ме прашавте за него
Мурињо посебно го пофали голманот Андриј Лунин, кој против Барселона бранеше на местото на Тибо Куртоа. Украинецот имаше неколку важни одбрани, меѓу кои и интервенцијата по ударот на Жерар Мартин од непосредна близина.
„Веќе ми поставивте две прашања, а ниту едно не беше за Лунин. Но, ако денеска загубевме поради неговите грешки, првото прашање ќе беше за него.
Единственото нешто што му го кажав е дека не тренира за да седи на клупата. Одигра многу избалансиран и смирен натпревар. Го имаме најдобриот голман во светот, но никој од нас денеска не плачеше затоа што Куртоа не играше. Групата е многу поврзана, дури и во тешките моменти“, изјави Мурињо.
Тој се осврна и на Бернардо Силва, како и на конкуренцијата во тимот.
„Реков дека сум тука нешто повеќе од три месеци. Се разбира дека го познавам Бернардо, но едно е да го познаваш, а сосема друго е да видиш како може да се вклопи во тимот.
Никогаш нема да кажам дека ова е мојот основен состав или моите први 11 фудбалери. Имаме многу добар и комплетен тим. Играчите работат напорно, подготвени се да играат и таков е животот“, објасни Мурињо.

