Дваесет и тригодишен жител на гостиварското село Градец бил повреден при пад од четирицикл на шумски пат над селото Горјане.
Според пријавата во СВР Тетово, настанот се случил на 25 октомври, а во 17:25 часот од Медицинскиот центар во Гостивар било пријавено дека кај нив бил донесен Г.Ш. (23) со повреди.
Тој управувал четирицикл со германски национални ознаки кога паднал на шумскиот пат.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.

