ПРВИ СНИМКИ: Вечерва трупа снег во овие делови од Македонија

Вистинска зимска атмосфера вечерва во делови од западна Македонија, каде веќе паѓа снег.

Метеорологот Славчо Попоски објави видео на кое се забележуваат снежни врнежи во општина Центар Жупа.

Снежните врнежи доаѓаат како најава за заладувањето на времето, а планинските и повисоките предели во западниот дел од земјата се меѓу местата каде што во вакви услови може да се очекуваат зимски врнежи.

Видеото од Центар Жупа уште еднаш потсетува дека зимските услови веќе пристигнуваат во одредени делови од земјата, иако сме сè уште во октомври.