Сообраќајна несреќа се случила денеска во 16:45 часот на излезот од Скопје, на патниот правец кон Тетово, кога 25-годишна девојка, управувајќи патничко возило, удрила во заштитната банкина.
По несреќата, на местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која ја пренела повредената девојка во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Засега нема дополнителни информации за нејзината здравствена состојба, ниту за околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.
Повеќе детали за причините за несреќата се очекуваат по официјалните информации од надлежните институции.

