Земјотрес со магнитуда од 2,2 степени е регистриран денеска, 29 октомври, во 14:41 часот по локално време, во охридскиот регион.
Според податоците на Институтот за геонауки при Политехничкиот универзитет во Тирана, објавени на картата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот бил лоциран на 13 километри североисточно од Охрид.
Потресот се случил на длабочина од 15 километри, со координати 41,187 степени северна географска ширина и 20,923 степени источна географска должина.
Станува збор за земјотрес со слаба магнитуда, какви што повремено се регистрираат во сеизмички активниот охридски регион.

