Teшка несреќа: Возило излета од патот – има повредени

Двајца мажи се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на автопатот „Пријателство“, во близина на скопското село Трубарево, откако автомобил „мерцедес“ излетал од коловозот и завршил во дворот на семејна куќа.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во 1:10 часот.

Автомобилот со скопски регистарски ознаки го управувал 33-годишен жител на селото Батинци, кој изгубил контрола над возилото.

Во несреќата тешки телесни повреди добиле возачот и неговиот 39-годишен сопатник од Скопје. Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

На местото на несреќата бил извршен увид од екипа на СВР Скопје.