Маж од Куманово ќе се соочи со кривична пријава под сомнение дека во периодот од февруари до октомври годинава сексуално злоупотребувал дете помладо од 15 години.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривична пријава против
лицето Д. Р. поради сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.
Засега не се соопштуваат повеќе детали за случајот.

