Тажна вест ја потресе музичката сцена. Почина легендарниот хрватски пејач Мишо Ковач, еден од најголемите музички имиња на просторите на поранешна Југославија. Имаше 86 години.
Веста за неговата смрт ја објави хрватскиот портал „Индекс“, повикувајќи се на извори блиски до пејачот, кои ја потврдиле тажната информација.
Според објавените информации, Ковач починал околу 15:30 часот во својот дом во Сплит.
Пред смртта, легендарниот пејач изразил желба да биде погребан во Загреб.
Зад себе остави речиси половина век музичка кариера, исполнета со безброј хитови и незаборавни настапи. Во текот на својата кариера продал повеќе од 20 милиони плочи, со што остави неизбришлива трага во музичката историја на регионот.
Неговите песни и препознатливиот глас со децении беа дел од животот на генерации слушатели.

