Вечерва се огласи Алта банка: Експозитурите нема да работат со клиенти

Алта банка АД Битола соопшти дека од утре, 2 ноември, нејзините експозитури привремено ќе престанат со работа со клиенти, сè до следното известување.

Од банката информираат дека одлуката е донесена согласно со мерките на Народната банка, со кои за физичките лица е утврден неделен лимит од 10.000 денари за користење средства преку платежните картички.

Во известувањето се наведува дека мерките имаат превентивен карактер и се насочени кон заштита на средствата и интересите на клиентите.

Од Алта банка најавуваат дека за сите дополнителни информации и евентуални промени клиентите ќе бидат навремено известени преку официјалните канали на банката.