Во Брвеница веќе се слави – еве кој објави победа (ВИДЕО)

ДУИ прогласи победа на изборите во општина Брвеница.

Иако засега официјалните резултати сè уште не се познати, од редовите на ДУИ веќе започна славјето.

Со зурли и тапани, поддржувачите на партијата ја прославуваат, како што велат, изборната победа.

Се очекуваат официјалните податоци од пребројувањето на гласовите, по што ќе биде познато дали ДУИ навистина го освоила изборниот триумф во Брвеница.