Според првичните неофицијални резултати од изборите во општина Брвеница, Демократската унија за интеграција (ДУИ) победи пред ВМРО-ДПМНЕ.
Според досега објавените бројки, ДУИ освоиле 4.438 гласа, додека ВМРО-ДПМНЕ добиле 4.175 гласа.
Разликата засега изнесува 263 гласа во корист на ДУИ.
Сепак, станува збор за првични неофицијални резултати, а конечната слика ќе биде позната по официјалното објавување на резултатите од надлежните институции.

