Конечно стабилизација на времето – УХМР утрово со најнова прогноза

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат со умерен интензитет, а локално се очекуваат и пообилни врнежи од над 25 литри на квадратен метар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе засилува долж Повардарието.

Утринските температури ќе се движат од 3 до 10 степени, додека дневните ќе достигнат од 6 до 14 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремен слаб дожд и слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 12 степени.

Според прогнозата на УХМР, од утре следува стабилизација на временските услови. Времето ќе биде суво со променлива облачност, а од петок облачноста постепено ќе се намалува.

За време на викендот се очекуваат постудени утра, при што температурите на одделни места ќе се спуштат под нула степени.