Доаѓа нов влажен бран – еве кога започнуваат врнежите од дожд

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи од 1 до 8 степени, додека максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер.

За време на викендот ќе се задржи стабилно време, со повеќе сончеви периоди, но утрата ќе бидат студени. На места температурите ќе се спуштат и под нулата, а во одделни котлини ќе има услови за магла.

Од почетокот на следната седмица се очекува променлива облачност, со можност за слаб локален дожд.