Пукање кон автомобил во движење? – полицијата го истражува случајот

Полицијата испитува инцидент на локалниот пат Дебреше – Врапчиште, откако лица во автомобил пријавиле дека забележале проектил од огнено оружје и оштетување на возилото.

Според МВР, случајот го пријавил 28-годишниот Е.Ј. од Гостивар на 6 ноември, околу 22:40 часот, во Полициското одделение Галате.

Во пријавата се наведува дека додека 31-годишниот Е.З. од Гостивар го управувал автомобилот „БМВ“ од Дебреше кон Врапчиште, лицата во возилото слушнале силен удар во задниот дел од покривот.

Откако го запреле автомобилот и излегле, забележале проектил од огнено оружје и оштетување на хаубата. Полицијата извршила увид и презема мерки за расчистување на случајот, пријавен како „предизвикување општа опасност“.