Две лица загинаа, а повеќе се повредени во тешка сообраќајна несреќа што утрово околу 7:25 часот се случи на автопатот А3 во правец кон Загреб, непосредно по клучката Иванич-Град.
Се преврте автобус со српски регистарски таблички, потврди хрватската полиција.
Повредените ќе бидат пренесени во болниците во Загреб. На местото на несреќата пристигнале екипи на итната медицинска помош, а според информациите од теренот, бил ангажиран и хеликоптер.
„Утрово, 8 ноември, околу 7:25 часот, на автопатот А3, на 61. километар во правец кон Загреб, непосредно по клучката Иванич-Град, дошло до превртување на автобус со српски регистарски ознаки, при што две лица загинале. Повеќе лица се повредени и медицинската помош ќе им биде укажана во болниците во Загреб. Сообраќајот се одвива забавено, по левата сообраќајна лента. Увидот е во тек“, соопшти полицијата.

