Времето денеска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди, додека во попладневните часови и во текот на ноќта се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините слаб снег.
Според информациите од УХМР, во земјава денеска ќе преовладува променливо облачно време. Во западните делови од земјата попладне и во ноќните часови ќе има услови за појава на локален дожд, додека на повисоките планини можен е слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималните температури се движат во интервал од -2 до 6 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 9 до 15 степени. Во Скопје претпладне ќе биде претежно сончево, додека во вечерните часови се очекуваат услови за локален дожд, со температури кои ќе се движат од -1 до 15 степени.
Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд низ земјата.
Почнувајќи од вторник, метеоролозите најавуваат стабилизирање на времето со променлива облачност во текот на денот, додека нови услови за слаб локален дожд се очекуваат во петок.

