Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде поизразен.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Според најавите на синоптичарите, од вторник следува постепена стабилизација на времето и пораст на дневните температури.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време, а по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Локални врнежи од дожд повторно се очекуваат кон крајот на седмицата. Во петок ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен до силен ветер од јужен правец.

