Дваесет и тригодишна девојка е тешко повредена, а уште две лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Лазар Личеновски“ во Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 7 ноември во 20:35 часот, а во неа учествувале две патнички возила со скопски регистарски ознаки, „цитроен“ и „фолксваген т-рок“.
Според изјавата на Н.Р. (24) од Скопје, возилото „цитроен“ го управувала Е.С. (23), исто така од Скопје, додека со „фолксвагенот“ управувал А.А. (43) од Скопје.
Во несреќата Е.С. се здобила со тешки телесни повреди, додека Н.Р. и А.А. се здобиле со телесни повреди.
Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
На местото на несреќата увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

