Страотна несреќа утрово во Србија

Тешка сообраќајна несреќа утрово се случила околу 5:30 часот, на автопатот во близина на аеродромот „Никола Тесла“, на околу два километри во правец кон Белград.

Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале камион-цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината, но набргу со помош на противпожарните екипи бил извлечен и пренесен во Ургентниот центар.

Во несреќата е повреден и маж на возраст од околу 40 години, кој со тешки телесни повреди бил пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишниот возач на цистерната.

Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато.

Според првичните информации, камионот-цистерна превезувал цемент, поради што нема опасност по здравјето на луѓето и животната средина.