Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на финансиската поддршка за мерката 2.14 – поддршка за регистрирано презимено пчелно семејство, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството.
Вкупно 5.716 пчелари добија финансиска поддршка, а на нивните сметки се исплатени 156.676.536 денари.
Со оваа исплата продолжува реализацијата на мерките за финансиска поддршка на земјоделските производители, со цел поттикнување и унапредување на земјоделското производство, како и поддршка на пчеларството како значајна земјоделска гранка.
Информацијата е објавена од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

