Нов ужас во Богданци – обид за силување на млада девојка

34-годишен маж од струмичко се обидел да изврши обљуба врз 22-годишна жителка на струмичко село.

СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднело кривична пријава против И.С.(34) од струмичко село.

Тој се сомничи дека на 07.11.2026 во Богданци се обидел да изврши обљуба врз 22-годишна жителка на струмичко село.

Полицијата соопшти дека тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител.

По поднесување на пријавата судија од Основен суд Гевгелија му определил мерка притвор во траење од осум денови.