Тешка сообраќајка – жена итно пренесена во болница

Седумдесет и четиригодишна жена од Битола се здобила со тешки телесни повреди откако била удрена од автомобил на улицата „Анести Пановски“ во градот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, сообраќајната несреќа била пријавена на 10 ноември, во 11:47 часот.

Во жената удрило патничко возило „фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот З.Б. од Битола.

По несреќата, повредената жена била пренесена во болницата во Битола, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди.

На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Битола. Засега не се соопштуваат дополнителни детали за околностите под кои се случила несреќата.