Во тешка сообраќајка загина познат фолк-пејач

Морничав сплет на околности доведе до трагичната смрт на основачот на познат ансамбл од Србија

Замина човекот кој пред само еден месец замина во пензија, а естрадата се простува од него со неизмерна тага.

Веста за трагичната смрт на познатиот српски пејач и музичар Владан Јовковиќ Ролинац (65) од Свилајнац, го потресе целиот регион, неговото семејство, колегите и многубројните почитувачи на народната музика.

Владан загина во тешка сообраќајна несреќа која се случила на автопатот Е-75 кај Лапово (срцето на Шумадија), а српските медиуми откриваат морничави детали за тоа како пејачот го загубил животот обидувајќи се несебично да му помогне на свој колега и пријател.

Според неофицијалните информации, колегата на Владан, Дарко, патувал кон Белград кога му блокирало тркалото на автомобилот, по што го повикал пријателот Бобан за помош.

Но, на пат кон него, на Бобан му пукнала гумата, па во приказната се вклучил Владан, кој добро се разбирал во поправка на автомобили.

Владан веднаш се качил во својот автомобил, го земал Бобан и заедно стигнале до Дарко, кој ги чекал на помошната лента на автопатот.

Владан земал чекан од гепекот за да го извади блокираното тркало. Меѓутоа, во моментот кога замавнал со чеканот, по автопатот наишол камион чиј товар на приколката го закачил за раката.